постојано (прил.) - со (предл.)

Додека Раиз тивко зборуваше, како постојано со цвеќињата, јас не престанував во себе да ја дополнувам градината на зборовите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постојано со секој нов што ќе влезеше во салата го очекував татко ми. Може ли тој да не дојде?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Колку било тешко да си среќен, си велам, а несреќата си е постојано со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мавташе постојано со рака кон нас и шепотеше: - Простете ми, другари, што не можам со вас ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)