постојано (прил.) - ист (прид.)

Се загледуваше во колцата на магнетофонот кои се вртеа со постојано иста брзина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак, резултатот е постојано ист: една радост и две таги поради неправдата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Така понекогаш ни се чини дека човештвото од првиот блесок на свеста, низ векови си ја прикажува, во милиони варијанти, наспоредно со здивот на своите гради и со ритамот на својот пулс, постојано истата приказна“, вели Иво Андриќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги прават постојано истите грешки и ум не им доаѓа да сменат нешто, да најдат друг начин да се однесуваат со нас, а не да го повторуваат сè тој што не дава никакви резултати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ние децата сме исти, мислам, кога се во прашање грешките.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слушав од јамата наблизу еден друг глас, глас на утка, постојано ист, иста птица, ист зов.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Небото е како на изминатиот Сукот“, констатира и се сили со таа констатација да ги истисне постојано истите прашања, чувствувајќи дека е подобро да мисли на минатото прославување на Празникот на колипките, кога во дворот, заедно со татко ѝ, го чествуваа сеќавањето на Мојсеј и на четириесетгодишното талкање до Ветената земја и осум дена јадеа и пиеа во нивната сука 2, колипката од гранки низ чиј покрив мораа да се гледаат ѕвездите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нам повеќе ни се веруваше дека ни се повторува постојано истиот сон, отколку што помисливме дека паке­тот вистински стигнал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко не успеваше да донесе ниту пара повеќе од постојано истата плата, а повеќе ја немаше ниту вреќата брашно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зашто мудрецот од Калкута велеше: природата постојано иста ќе се повторува, а само човекот сѐ понесреќен и понесреќен ќе станува, зашто духот и умот ќе го влечат сѐ понаред, а силите не ќе можат да го следат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)