постојано (прил.) - отворен (прид.)

Имаше во мојата свест напластени наивни изговори во прилог на улогата да се патува во Албанија, наивни занеси дека таму, во родната земја, каде што Сталин уште владее, не можеле преку ноќ да ја убијат илјадалетната беса, големото гостопримство, постојано отворената врата за туѓинецот и безусловното жртвување и многу други вредности со луѓето макар што во вечна изолација и одбра­на се одржуваа, истрајуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имав впечаток дека тие многу подобро и подлабоко ја разбираа смислата на мојата порака.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако живеењето во Јавел се однесува на постојаните физички и сексуални нагони, или на постојано отворената славина, тогаш може да се заклучи дека нужна последица е опасното задушување, бидејќи дишачот или оној кој аспирира, живеат во Јавел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само тие како да беа останати на големата постојано отворена врата на земјата, достоинствено верни на пријателството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема да се згреши ако се каже, дека сета Будимпешта е една голема, постојано отворена изложба на скулптури.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)