постојано (прил.) - подвижен (прид.)

На Балканот имаше најмногу инвазии, сукцесивни промени на империи, востанија, постојано подвижни граници, промени на Бога, мобилни идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во деновите на запознавањето, неговата "изместеност" ѝ се чинеше интересна иако пројавите на таа необичност ѝ штрчеа, барем онолку колку и роговите на полжавот: постојано подвижни и променливи како и нивната прилично несигурна вљубеност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)