постојано (прил.) - свесен (прид.)

Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше постојано свесен за брзината, со која што можеше да се случи сѐ, што требаше да се случи, сега, кога тој беше толку многу откриен на голината, пред она, што беше скриено тука, недалеку, од леските.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето време тој беше постојано свесен дека храната полека и трпеливо му завршува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заминуваше, носејќи ја својата збигорена улетнатост во градите, сега веќе постојано свесен за сите оние стреловити препречувања на неговиот пат, во кој дивината сепак ниеднаш немаше смелост да му излезе пред погледот на чист дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)