постојано (прил.) - да (сврз.)

Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
РОЛНИТЕ НА ДЕТСТВОТО НА ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПЛОШТАДОТ СВЕТИ МАРКО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Па да, не можеш постојано да молчиш.“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се губи концентрацијата, кожата може да стане сува и постојано да ве чеша.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А Рибата рече: - Здодевно е постојано да си во вода!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И како што е ненормално да се оди на спиење в изба, ненормално е постојано да се живее на катот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Одново погледнувам на таблата, одново дослушнувам тивок збор на поздрав и збогување што тивко провејува по улиците, кафеаните, ресторанчињата и пазарот и желно, многу желно посакувам од југот тука постојано да дуваат само добри, топли и добродушни ветрови за да имаат луѓето помирен сон и окрилени со надеж да дочекуваат поведри зори...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа да се стави на тивко, да се потсмири. Постојано да се меша, да се движи, да не застои.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XI. Но сепак, и покрај сите бладања, оној ритам на бавното минување на времето мораше еднаш да го насочи и неговото траење во вистинската насока и постојано да ги стивнува неговите побуни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да им се пријде така блиску, секому поодделно, да се сфатат, а после да им се помогнува, да им се покажува што е тоа, а после да ги гледаш како растат и постојано да ги држиш за раката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почнаа еден за друг да се точкаат тие матни зимни денови, во кои снежинките продолжуваа постојано да поигруваат пред неговиот прозорец, сменувани од ноќите, чијашто темничина беше како на најдлабокото дно на овој свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сојузниот остана верен на своето: Ние не сме богата земја, постојано да именуваме нови амбасадори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Очигледно јас немав намера да го менувам обичајот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше мигум да го запраша чуму му се овие книги, но Татко продолжи: Кога ја читав твојата Книга Книга за спасот спасот на детето, мене ми се будеа асоцијации за лавиринтите чии излези треба постојано да се откриваат на нашиот заплеткан Балкан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зачудено го гледаше Камилски, кој со извишен глас продолжи: Декарт ги советуваше изгубените патници да не талкаат, час свртувајќи лево, час десно, без да запираат никаде, туку постојано да чекорат само во ист прав правец, напред, само напред без никаква промена да не ги принудат да го променат овој тек!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во практиката, единствениот начин да се постигне тоа беше постојано да се војува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие сакаат ти постојано да пукаш од енергија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не е во прашање само тоа што говорите, статистиките и документите од секој вид треба постојано да се ажурираат, за да се покаже дека предвидувањата на Партијата во сите случаи биле точни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон посебно го иритираше тоа што во вревата од гласови одвај можеше да чуе што кажува Парсонс и затоа мораше постојано да бара да му бидат повторени некои глупави детали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чекорев со Мајка во таа снежна виулица, со чувство на внатрешно задоволство од краткотрајната победа над Мајкината самота, која мораше постојано да се освојува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Господе, зар мора човек, за да е сигурен дека живее, постојано да е фатен во костец со својата судбина?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, тоа е таа моја вечна несреќа: Ништо посебно не се случува а јас сепак работите ги доживувам како зголемени непријатни слики и тоа не само некогаш, туку постојано, и таквите глетки од утро до мрак ме потресуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Може тоа е наградата за сите наши и мои страдања, постојано да го имаме вниманието на другите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Те држат како прогонета ѕверка, ништо да не можеш да направиш, а постојано да гледаш што се прави со тебе. „Според човекот и несреќата, велеше дедо, за секој друг човек, друга несреќа.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А Никифор Абазовски постојано да ме бара. Да види кај спијам, колку сум далеку од него. Слушам: ене ја горе!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што да правиш: судено ти е постојано да се надеваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, како некој постојано да ме тера да загинам, а јас постојано да одам за да останам жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар е пишано, си велам, постојано да бидат во наша близина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возот се преполнува, како постојано да дотекува народ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачно е постојано да стоиш пред непознати луѓе и постојано да чекаш да те караат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја претпочитаат колективната смрт, како и потребата постојано да се жеволка нешто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас пак не знам како не им здодеа на „Амбасадорите“ постојано да разговараат за исти нешта.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога си заминувавме дома, милиционерот го посоветува тако ми: од утре, на дедо да му ја напишеме на едно ливче адресата и телефонот, и постојано да ги носи со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Понекогаш ми пречеше што сум толку емпатична, затоа имаше периоди кога се дистанцирав од луѓе зошто ми пречеше постојано да ги впивам туѓите емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)