постојано (прил.) - да (чест.)

А Рибата рече: - Здодевно е постојано да си во вода!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зашто постојано да седиш така - не се седи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стратегијата на неговиот егзил го учеше постојано да го избегнува враќањето на почетното, на претходното место, секогаш одеше во правецот на антивраќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)