потем (прил.) - го (зам.)

Татко само се насмевна на комплиментот и потем го воведе Камилски во царството на своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот потем го упати кон првиот од тројцата неидентификувани домаќини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ЗАФИР: (Молчи. Потем го вади од торбата појасот Костадинов и ќесето со пари; ги предава).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Отците ги собрале буквите од под покривката, ги положиле во едно ковчеже, и потем го сохраниле во дворот на црквата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем го извадија мојот есеј, под шифра „Соломон 909“, го ставија на маса, и рекоа (поправо Луција рече, но тоа беше исто како да кажал и Фисот); „Господине Јан Лудвик, дали е ова ваш есеј?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од првиот ден, кога влеговме во училиштето, од првиот клас, ѝ ставив до знаење дека ја сакам. Ѝ напишав песна; таа ја доби (на часот по биологија), ја прочита, се вцрви и потем го стутка листот и ми се чинеше дека сака да го сокрие, да го голтне, да го снема.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Чувствува дека разговорот нема да биде пријатен”, се насмевна есесовецот и потем стави маска на рамнодушност на лицето, седнувајќи на бирото и гасејќи ја цигарата токму во моментот кога на вратата, со паларијата в раце, се појави градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потем го свртеа муабетот на жени Те вакви нозе имале и онакви газиња имале жените што одеа пред нив Тој што зборуваше за газењето лајна во сонот Сега рече дека жена ако ти дојди дома усмевната Болест ќе ти дојди ама светрум ќе ти помини
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Почука нешто на машината и потем го советува младиот помошник за тоа што требаше да направи во текот на денот, а самиот излезе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во Рим, Татко ѝ купил на Мајка, во големата сто­ковна куќа Ла Ринашенте, убав син фустан, со бели точки, што таа долго време го носела, а потем го чувала со години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога Татко, пред празник, ќе донесеше пиле, таа стануваше рано, убаво ќе го измесеше тестото, па потем го делеше на топчиња кои ги извиваше во една или во повеќе тенки кори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)