потем (прил.) - јас (зам.)

Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што е редот, првин извршивме свечена размена на погледи - долги, како од татковината дотука и пргави, како кога играме карти: ме пулиш првин ти, па те пулам потем јас - дланките празни, само што не заспале.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Прво таа како да ме праша дали ќе ѝ го направам тој себап , а потем јас како да ја прашав дали сака и уште што немав почнато да пречекорам во таа сауна за која веќе имав платен билет кога таа се созеде, со рацете се фати за блузата, заградувајќи се и се исправи во постелата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)