потем (прил.) - да (сврз.)

„Сиот Израел, нашите родени браќа нѐ поразиле кај Гибеја, за потем да поништат сѐ – жени, деца, старци, по сите наши градови и села, се водени од желбата за освета, за крв“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Претседателот внимателно ја читаше пораката за признавањето. Беше видливо задоволен. Му ја препушти потем да ја види и Еди Бакуш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првин тука била турската војска, па грчката, па бугарската, потоа останала само грчката, за потем да се вгнезди француската, па англиската, па српската армија а, еден ден, не била далеку да стигне и италијанската војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во потрага по излез од балканскиот ќорсокак настојуваше првин да изолира, а потем да генерализира, низ парадигматични идеи, едно искуство од империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зарем може да има, му се доверуваше на Чанга со погодни зборови, поголемо проклетство, поголема неразбирлива жртва, нешто да изградиш, да извишиш, па потем да го урнеш, да го уништиш?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)