потоа (прил.) - бил (гл.)

Градот потоа бил и во владеење на вашиот цар Самуил, подоцна во владеење на Бугарите, на Норманите, на Србите - мислеле ли и тие дека ќе бидат вечни? Мислеле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Другите лежеле близу една година во “Еди-куле“ и потоа биле ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш потоа биле ослободени. Настанало општо славје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Роден во Албанија (во 1941 г.) Луан Старова уште како мал пребегнува со семејството во Македонија, потоа бил професор по француска книжевност, ја претставувал својата земја како амбасадор на Југославија во Тунис, која потоа постанала фикција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Овие информации потоа биле препраќани до Вашингтон и оценувани од службениците на Стејт департментот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ова особено важи за пациентот кој прво побарал помош од лекар, а потоа бил упатен на психотерапија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)