потоа (прил.) - види (гл.)

Со други зборови, како што Хигинс забележа (Postface, стр.61), опасност нема.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога на Пајк (не изговарајте Пик, Пок или Пук) и на Косуги им кажав за индијанското племе Cree од Саскачеван, Пајк праша: Дали се тие како нас?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За момент замолчев, но потоа видов дека сѐ е на своето место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа видовме дека ја удрија и неа: ја ошеврати главата и ги заврте белките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потрча, затоа, по камионот и ја крена раката како да сака да го запре, возилото ли, неа, текот на времето, животот ли каков што дотогаш му беше даден, што брзо се оддалечуваше итајќи незапирливо во непозната насока, а потоа виде дека е залудно и застана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сетил на дните кога бил млад, кога се грабале за него и девојките со мираз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа видел како Фиданка Кукникова со раце расфрла по леите пред куќа црни грутки од куп арско ѓубре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа видовме како од оваа страна на Превалот излегоа тенкови и почнаа да се спуштаат кон Преспа. И војска трчаше зад нив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Потоа видов како едно големо дете си играше во тревата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дишеше сѐ побрзо и побрзо, потоа видов како ги затвора очите, како целото тело му се стега во грч, како му се подотвора устата и тивко крикнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се слушнав како вриснувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)