потоа (прил.) - влегува (гл.)

Потоа влегува вториот глас, четири тона погоре или три тона подолу.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
(Василка излегува, а Саветка исто така, излегува да ја испрати. Мала пауза, потоа влегува Антица).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ох, Пелагијо! ја избакнува, ја навлажнува со солзи и качувајќи се горе, сега веќе не срамејќи се ни од Добра, ни од мајка си, ни од другите , се свртува уште еднаш и проговорува Ја враќам неговата семка во Македонија и ич не ми е гајле дали летнал со веленцето или се пикнал во некоја дупка! се притиска по мевот лесно и внимателно и потоа влегува во тисканицата, во темницата на вагонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А ти потоа влегуваш во таа миризлива бела, или сина, ини црвена сапуница, зависи, по ќеф, каква ќе си избереш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)