потоа (прил.) - додаде (гл.)

Потоа додаде: „Владе знае“. „Историчарот?“ „Тој. Владе Кочов“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А потоа додаде: „Знам, дека те мачи“, рече, „крајот на животот на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Направи мала пауза, а потоа додаде: “Јас, пак, велам, што има лошо тој да биде пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Почна - рече Шабтај полугласно, а потоа додаде - ајде ќерко, да влеземе во визбата”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пак ќе ги користам наводниците, иако ние разбираме и така натаму: „/првата формула/”, напиша Џери со зелениот кели фломастер преку левата страна на уредниот задник на својата делумно заспана љубовница; на исто толку привлечната десна страна на таа млада дама потоа додаде „/друга формула/“, премостувајќи го нејзиниот процеп и канализирајќи ја неговата отмена точка- запирка со еден издолжен знак за еднаквост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овде запрев со мојата импровизација а потоа додадов: - Знаете, другар иследник, имам впечаток дека вие барате од мене и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност пропуштив да му откријам дека повторувам слични зборови на оние што ги бев употребил во еден друг разговор со истиот мој професор Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси сум сигурен дека имаше зелени очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа додаде: „Поправи ме случајно ако грешам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Несигурните сеќавања се како оние мали пердувести облаци што и самите не знаат кога и каде исчезнуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го прашав дали случајно и тој бил ранет .
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И беше со добар фат! Како да работела в болница, толку добро знаеше да ги среди раните“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа додадов: „Јас, другарке Огнено Гулева, во случајов само реализирам една приватна порачка за која уште не втасало известието кого да го задолжам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човекот направи пауза, а потоа додаде како дополнување на мислата, ”Она одела накај бензинска пумпа.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, тоа всушност отсекогаш бил Борхесовиот омилен начин да муабети: тргнувајќи билокаде каде што ќе го поведат разгранетите и кривулести ходници на неговото величествено помнење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа додаде и некои поединости за раскинот со својот најблизок пријател и соработник Адолфо Био Касарес, за одбивањето да се врати во Аргентина, за француското издание на неговите собрани дела во Галимаровата „Bibliotheque de la Pleiade“ (дотогаш единствените двајца шпански писатели вклучени во оваа серија беа Сервантес и Гарсија Лорка).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сеќававме на претходните средби во Оклахома, Сан Диего, Лос Ангелос, Буенос Аирес, Мејн, чикаго, Пенсилванија, и на Харвард, каде што стана почесен доктор 1981-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше тоа необврзан разговор, кој скршнуваше од лични нешта на книжевни прашања, од храна на швајцарски обичаи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А потоа додаде: „А јас ја имам само болката, а не и дарбата за поезија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И веднаш ги прегриза усните, затоа што сакаше да молчи за својот очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе се исуши по пат,“ ѝ рече жената, мавтајќи ѝ од вратата на автобусот, а потоа додаде: „Со среќа!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија погледна под покривката и здогледа ледени очи и непоткуплив показалец кој ѝ покажуваше да застане во редот. Го послуша.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа додала: „Времето исминува. Повикајте доктор, Пациенткава истинува!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Само уште малку потоа додаде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А потоа додаде: „Со еден збор сите вие сте матежина со горчлив вкус што со мачнина ја голта осетливото грло на нашиот човек“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа додадов дека за жал истото им се случува и на другите празници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа додаде дека со проблемите што јас сум ги актуализирал се бавеле други специјалисти за оние Кои не се токму во соответното одделение на Бардовци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А дури потоа додаде дека нему не му е по волја кога некои поединци, за жал и блиски пријатели, без да го бара тоа од нив, се обидуваат да го ослободат од неговите интимни заблуди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, во доверба му нашепнал: „Ни дале наместо боева муниција, од онаа, другана, што служи само за воени вежби. А таа не убива, руски пријателе. Зар не мириса тоа на предавство?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Билмези нѐ раководат, ете, тоа е проблемот“, рекол малку подоцна тој умен капетан, а потоа додал, „се разбира, и помеѓу нив, помеѓу највисоките чинови има и предавници“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)