потоа (прил.) - има (гл.)

Со години имаше гостилница за храна, потоа имаше и скараџилница на една од ѕвездестите авении во градот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Обично пиеше виски со млеко што некои дипломати во шега го идентификуваа и со неговиот карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа имав подолготрајна средба при неговата прва официјална посета на Тунис и Палестинската централа, но тоа е друго поглавје, од дипломатските години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа одиме на вечера – и потоа имаме малку дружење пред спиење.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само некои од нив се среќавале: во огромните трпезарии, во Големата сала во која доктор Гете држел предавања, во паркот кога шетале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и во сите лудници (а доктор Гете избегнуваше да биде подведен од модата во медицината, и лудниците да ги нарекува психијатриски клиники) класификацијата беше првото начело во Гнездо – беа одвоени мажите од жените, потоа имало оддел за мирни, друг за немоќни на кои им требало постојана нега, трет за манични кои биле врзани, или, ако не биле толку опасни, под постојан надзор, и во четвртиот оддел – сенилни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по ходниците на болницата, една жена му пријде на доктор Гете, падна пред него на колена и го молеше да ја пушти да си оди дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја загадуваат оние што живеат во нејзината близина, а потоа имаат лице да се жалат на смрдеата и грозниот изглед.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но потоа имав проблем како да ги изнесам работите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
VIII Богуле, син му на Мил, беше тенок, слабичок; растеше како некоја билка што сака да израсти што повисоко, а потоа има маки како да се одржи, да не се превитка; кога одеше, мавташе со рацете како да лета нишајќи ја главата на тенкиот врат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)