потоа (прил.) - настане (гл.)

Потоа настана глувина. Во таа глувина нешто пукна... блесна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веднаш потоа настанало раздвижување.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пред некое време, го прогласија за руски државен шпион за време на суровиот комунизам, а потоа настанаа јавни мрежни расправии околу некои подметнати докази.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме сакаше повеќе од мајка. Потоа настанаа кавгите меѓу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)