потоа (прил.) - оди (гл.)

Сетилно осознаваната игра во подрачјето на симулациите, виртуелноста, телепрезентацијата, отстранува­њето на телесното и неговата обновена „целовитост” е овозможена во ова умет­ничко дело токму со, едноставно речено, стартувањето (уметничкото дело како процес), кога го земаш споменатото око од подметнувачот, го држиш некое време во рака и потоа одиш со него во транспарентната тиква.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се работи за инсталација, составена од голема кружна видео површина, на окото сличен интерактивен интерфејс и транспарентна (стаклена) тиква со отвор, низ кој што можеш да го носиш споменатото „око”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ја галев по колената, потоа одев надолу до стапалата, со двете раце ѝ ги поткревав нозете и пак ги спуштав со такт на игра што одамна ја имавме научено.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет.  Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа оди во најблиската златара и купи ми некој убав венчален прстен. И купи го, не го заменувај за ѓерданот!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа одиме на вечера – и потоа имаме малку дружење пред спиење.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по ходниците на болницата, една жена му пријде на доктор Гете, падна пред него на колена и го молеше да ја пушти да си оди дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Симболите што требаше да се создадат мораа да имаат таква степен на доживувачка снага за да поттикнат заедништво и со тоа да создадат плебисцитарен карактер: „Потоа одиме на тоа, создавајќи митови, националната свест да ја претвориме во снага и волја.“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа одеше во кујната и вареше кафе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)