потоа (прил.) - продолжи (гл.)

Потоа продолжи: „Дали не им ја украдоа водата од Дарван, не им се удри ли зимоска малкуто тутун што го откупи Монополот на трета класа, не плаќале ли маказарчани и другите жители во оваа кааза во времето на Никола Поцо, како што пишува и во царскиот ферман, повеќе данок отколку што треба?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова молскавично прелета низ главата на Давид, а потоа продолжи да се мачи, сечкајќи ги проѕирните парчиња крашка пршута со прелив од ананас и малите коцки рошфор сирење, додека срдечно кимаше со главата, отпоздравувајќи ги гостите на приемот!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Витгенштајн опишува една група луѓе кои играат разновидни игри со топка (PI, I, 83).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Почнуваат, да речеме, со фудбал, а потоа продолжуваат со одбојка, па со рагби итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кметот се накашла и му шепна нешто на офицерот, а потоа продолжи: - Од што?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не мислиш да бркаш валијата од Битола?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Старецот молчеше малку, а потоа продолжи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Првин бил ископан трап длабок над три метра, а потоа продолжиле работите врз копањето на каналот, т.е. хоризонтално.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Те боли ногата?,“ праша брат ми. „Малку,“ реков. „Коленото.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој климна со главата и подголтна. Подзастана, а потоа продолживме да чекориме по кејот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледаше како и самиот да сака да започне поинаков разговор, но горкиот талог насобран во него не му дозволуваше да зборува за нешто друго.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа продолживме да чекориме. Накривнував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред да паднам, рипна преку седум лози. Потоа продолжи да трча.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му требаше половина час за да го најде коњот и да го врати. – Добро, – рече тој, – скокај. – Цел свет сега се буди. – Што ќе правиме, – реков јас. – Или ќе го вратиме, – рече тој, – или ќе го скриеме до утре наутро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И еве уште еден пример во медитеранската игра на судбината на човекот меѓу среќата и несреќата, светлината и темнината, во трагичното проклетство и во неговите урнатини, кога продолжува вечното отпочнување на човековиот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И потоа продолжува миграцијата на мртвите туни кон светските пазари во западна Европа и најчесто во Јапонија, за да завршат во малите конзерви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа продолжи: „Она што сакав всушност да ви го кажам е дека во вашиот напис забележав оти сте употребиле два збора кои се веќе застарени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Направи неколку чекори низ просторијата. Потоа продолжи, помалку жестоко:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој запре малку, потоа продолжи:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа продолжи со зборовите: „Ама, всушност не е ништо особено. Рутина. Не би ти се допаднало.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се колебаше еден миг, а потоа продолжи зашто веќе ништо не се чу. 49
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се паркиравме пред една голема бела куќа на два ката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го набљудував: кога почна да џвака, подзастана како да се обидува да мисли - во тој момент се исплашив - но веднаш потоа продолжи како ништо да не било и пикна уште едно парче месо во уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така би и со оваа книга, произлезена од едно писмо испратено до авторот од за него непозната читателка, Елен Лејбовиц, на 15 октомври 1999 година, кое потоа продолжи во бујна преписка с до 24 декември 2002 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Кога жената работи на работа, а потоа продолжува да работи по цел ден дома, тоа е еден вид ропство, - се насмеа мајка мми и додаде: - Не сум, и не сакам да бидам таква, а тоа не смееш да го сфатиш како нешто лошо, и да се срамиш од мене заради тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја слушнав како тивко влегува, па се приближува кон спалните, ја отвора најпрво вратата кај брат ми, здраво мило, како си, го прашува, потоа продолжува кон мојата соба и ете ја кај мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што прави мојата девојка? – ме прегрна и ме бакна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)