потоа (прил.) - слезе (гл.)

Има ли доброволци што сакаат да одат да растовараат? - праша Евдоксија, а потоа слезе од бината, отиде потаму во игралиштето и викна: - Доброволците да се постројат по двајца покрај мене!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Неколку минути вознемирено чекореше наоколу и потоа слезе на теренот за градба, во правецот кон кулата за филмското платно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постоја како скочанета, а потоа слезе од скелето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Двајцата покажуваа нешто по должината на брегот, се вртеа повремено кон Тврдината, потоа слегоа по скалите до зајадливите бранчиња на реката што удираа на бетонот, едниот клекна и ја пикна раката во водата, си ја накваси до над глуждот и со дланката си помина по челото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа слегов на едно поточе да се измијам, да се спастрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скрче не влезе во куќата. Продолжи да шета по брегот, а потоа слезе долу крај езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)