потоа (прил.) - стане (гл.)

Потоа стана, наготви колку за неа со децата, се накрка слатко и благо и се промени „велигденски".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Набргу потоа станаа, климнаа со главата и си отидоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наоколу никнуваа криви стебла со тешки и црни лисја, се ширеа, се лееја едно во друго, потоа станаа несовладлив ѕид.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку години имало тогаш момченцето - четири, пет? Толку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но потоа станал сирак и раснел од куќа во куќа, бил без мајка и без татко, и секој со малку љубов можел да му биде родител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму, на дното на просторот, седеше Круме Арсов, онаков каков што го знаев - си го гали брадичето со палец и се чуди каков е тој пламен што се движи помеѓу него и онемените луѓе од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Редот треба да се знае, разбираш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не ѝ е криво што во тоа стрниште не најде ни шесторедица ни црвенка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица го одврза торбичето и го подаде преп лицето на Кузе велејќи: - Ете, троа пченичка собрав...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Немаше таков што потоа станал од земјата ако веќе еднаш летнал од прозорецот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа станав. Појадував. Беше Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа стана, ја фати козата и покрај меѓата ја поведе дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)