потоа (прил.) - јас (зам.)

Веднаш ќе се фатеше со работа да ги исчистиш, а потоа јас ги пржев.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Потоа јас пак ја спуштив сајлата за тој да се искачи горе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури потоа јас ја однесов изјавата во архивата и отидов во кафеаната „Солун“ на пиење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка ми влегува прва во лифтот, потоа јас, со двата куфера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Испијте го чајот, каснете што сакате, - ете овој колач со крем, - но потоа јас сакам да го продолжам сликањето!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми се налути затоа што од него побарав нешто за што не разбрав дека не е подготвен да го направи, а мојата балканска душа веруваше дека тоа во најмала рака ќе го расположи, ако веќе не го израдува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа јас бев безобзирна и му напишав многу лоши работи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ме погали и потоа јас му раскажав како сè се случи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Песната се викаше „Јас не можам да бидам отсвирена на грамофонот 1”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но не многу потоа јас му отидов на гости и му подарив една плоча со песна што јас ја компонирав.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Долго молчевме. Потоа јас реков: - А Ниривина, што стана со неа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И потоа јас ќе одам назад во Америка, ќе земам таму чопер и со него ќе се вратам прв да слезам на Тумбица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знам зошто при првата средба со моите посетители, потоа јас своето видување го премолчив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ние се построивме и Мајка почна да зборува Кој пукаше во Ѓорче Петров нека излезе настрана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Излезе еден другар, потоа јас, а по мене речиси сите излегоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа ни беше од училишните книги, прв ја кажуваше момчето Мане, а потоа јас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вистина, еднаш, уште пред да заодам на училиште, извршив вистински масакр во Татковата библиотека одлепувајќи низа таксени и други марки од Татковите и од семејните документи, нужни за докажување на нашиот идентитет, особено во периодот кога го менувавме албанското за југословенско државјан­ство, кои потоа јас ги разменував со поштенски марки со ликови на пропаднати кралеви со маалските деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)