потоа (прил.) - жена (имн.)

Прво одлежаа децата, потоа жената и на крајот мајката. Павле јуначки го издржа, на нозе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Стој! Предводникот и стражарот разменуваат нишан и веднаш потоа жените одрамуваат сандаци и вреќи, растовараат добиток.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И нешто заради болеста, нешто заради гостите - храната мораа да ја засилат: сериозно почна да им се расклатува домашниот буџет, И летото, кога ја испратија мајката, тие мораа да се простат и со надежта за ново палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)