потоа (прил.) - работник (имн.)

Во фабриката имаше основано синдикална организација, која беше член и на гранковиот синдикат при ССМ – меѓутоа Ангелеска, поради оправдана недоверба кон раководната структура, не беше член на овој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)