потоа (прил.) - рака (имн.)

Додека ѝ кажував зошто Зигмунд не доаѓа повеќе, Сара гледаше во своите прсти, а потоа раката ја стави под перницата на својот кревет, и оттаму ја изваде книгата која брат ми ѝ ја беше подарил неколку месеци пред тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го знаев тој нејзин обичај – да сонува на книгите кои најмногу ги сака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави ги лицата опседнати од горчина. (Немоќта најпрвин го совладува насмевот а потоа рацете).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)