потоа (прил.) - татко (имн.)

Чув кога тетка Рајна си отиде, потоа татко ми долго, нервозно разодуваше по кујната.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Уште не стигнал до прашањето кое го поставува предворјето на зрелоста: „Што ќе биде самиот тој еден ден?“, кога родителите му починале еден по друг, прво неговата мајка, потоа татко му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- А ти, Зоки, што направи? – се заврте потоа таткото кон Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Рајнер ги отворил писмата кои ги сочувал татко му; од едно од нив дознал дека бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури потоа татко ми му пристапуваше на дедо кој, дотогаш седнат во кланикот, стануваше и му ја подаваше раката на татка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа татко ми се откажа од раскажувањето за минатото и ми рече: Ајде, другпат ќе ти ја кажувам мојата историја, но јас го замолив уште нешто да ми раскаже.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пак отишле таму, во Тројкрсти, кај синовите на предавникот, а тие во меѓувреме не тргнале оп стапалките на татка си, биле партизани, станале офицери во нашата војска, и им кажале и кога го убиле и зошто го убиле и кај го фрлиле потоа татко им.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)