потоа (прил.) - од (предл.)

Потоа од другиот џеб извади едно друго шамивче, врзано во јазол, па рече: - Еве, да видиш, ова се чешниња од лук, ја секогаш ги носам со себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повлече прво една линија попреку а потоа од двете страни и наредни чаталчиња. Тоа беше фронтот од каде што доаѓаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Па нешто конкретно да се случи и потоа од Карпош па до Аеродром да си пишува колку сака, ако има за раскажување, па сите да видат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не мисли дека земјата и рајата ги држиш само со својата сабја, туку подобро имај на ум дека земјата е првин сопственост на бога, а потоа од пророкот, и овој само по заповед на Алах ти ја подарил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За акумулацијата ќе се користеле водите од Мелошката Река, потоа од Гаровица, од двете мали реки што доаѓаат од Сарајаново, од потокот што врви крај Долнец, а со еден попречен канал ќе се собереле водите и од Сината Планина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Првин се чу од едно место, а потоа од сите прозорци на касарната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
11. НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА - до првото орање, до ѓубрењето барем, потоа од ноздрите и облаци да креваш ќе се најде понов, веќе помек јарем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И никој не ќе го забележи новиот живот на едно умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа од масата зеде еден од антиквитетните предмети, мајмун од камен, и започна да ја зачистува малечката фигура со четчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои од седнувањето до станувањето не вртеа лист, гледаа во некоја буква или точка, запирка, извичник или прашалник. Некои од нас читаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму некои од нас брзо ги прелистуваа книгите од првата до последната страница, па потоа од последната до првата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А токму во тоа време се чувствувала поарно, но потоа од грижи ѝ се влошило здравјето, температурата ѝ се покачувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И потоа од сите страни, низ цело село, пеат петли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)