потоа (прил.) - брзо (прил.)

Таа го погледна право во очите, потоа брзо замина, како да не го препознала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И таа го имала својот момент на цутење, од можеби една година, со убавина на дива роза, потоа брзо се раскрупнела како оплодена овошка, па отврднала, кожата ѝ станала црвена и груба, а потоа нејзиниот живот се претворил во перење, чистење, крпење, готвење, метење, бришење прав, шиење, перење најнапред за децата, потоа за внучињата, и сѐ така без прекин повеќе од триесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Боб паузира за момент, и потоа брзо додаде, „Сигурно да те сака, ужасно многу.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа брзо се облече, се присили да изгризе едно јаболко, зашто знаеше дека треба да јаде, па се вовлече под чергите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа брзо го голташе секој збор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со биковски наведната глава се загледа во противникот потоа брзо и вешто се наведна, ги префрли рацете околу неговата половина и го дигна од земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шабтај му даде знак на малиот и тој попрво ја пушти раката кон алвата што потоа брзо ја стутка в уста.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Држи, Кејтенов сине, му рече со мака, со слаба, болна насмевка, што потоа брзо му згасна на жолтото мустаче, - држи, тоа е твое Кејтене.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Венче внесена во книата чита задлабочена и одвреме навреме лизнува од сладоледот, а потоа брзо, за да не ѝ се стипи на јазикот или да не ѝ го здрви јазикот од студенило, одлизнатиот сладолед го вовлекува во устата и го голта.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Да спијам?“ Се замисли околу ова и се насмевна, а потоа брзо ја стави раката преку уста.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)