потоа (прил.) - веднаш (прил.)

Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нашето внимание го привлекуваше кружен бакарен сад со цевки што поаѓаа од неговиот горен дел, па потоа веднаш свиваа надолу.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Причека таа да му ги покаже своите нададени дојки, а потоа веднаш потоа, таа се најде себеси, можеби без да сака, загледана право во него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа веднаш да се консултира Институтот за македонски јазик и Филолошки факултет, и да се создаде АРМ- војнички жаргон.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Потоа веднаш ги избриша солзите. Да не ја види некој познат. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да е роденден - си мислев, а потоа веднаш си спомнував дека дедо не е со нас и се растажував.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Шифрантот Петар Иваз беше изненаден од брзината со која ја напишав телеграмата, откако ја прочита и ја шифрира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа веднаш испратив нота и до кабинетот на тогаш невидливиот и недопирлив Јасер Арафат, во која го известував за итната порака која ми беше упатена за него и барав итен прием за да му ја предадам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги содруживме погледите со тетка Анѓа, чии што очи отпрвин свенато нѐ пречекаа, а потоа веднаш благо и родителски светнаа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“ Глас: Александар потоа веднаш го стави шлемот на глава, другото оружје беше веќе стокмено: сицилијанска облека со појас и преку него двоен ленен оклоп, од пленот што го стекна кај Ис. шлемот беше дело на Теофил, со железо, но сјаеше како чисто сребро.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Церемонијата беше куса, како кога ќе се запали свеќа, а потоа веднаш ќе се изгасне, додека чадот сѐ уште останува во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)