потоа (прил.) - веќе (прил.)

Како едното нејзино го ебало ќотекот од неговото најмало машко, па првата средба им била и расправија и смирување, а тој не признавал смир без по една чашка Ркацители, па уште по една... а потоа веќе не ги броеле.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кара-Демир застенкува со слаб глас, потоа веќе ништо не се слуша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Башмајсторот сега пред сите го погали по косата, а потоа веќе се израстурија и позаспаа под своите забани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само уште еднаш се обѕрна по дирата, а потоа веќе зачекори назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад отворениот прозорец низ кој тешко можеше да се спровре глава на дете, небото лежеше како дамка извалкан снег.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проклет да бидам, потоа веќе нема живот за човека, не постои никаков начин, тој мора да умре.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас клекнав крај неа, ѝ ги фатив рацете, а таа го потпре своето лице на мојот врат, ја слушав како плаче, како испрекинато дише, и знаев дека со солзите заради нејзината физичка немоќ се мешаа и солзите заради една друга болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И пак се поткрена, додека усните ѝ трепереа, лицето ѝ се грчеше, во очите ѝ навираа солзи; се поткреваше од креветот и се уриваше на него, а потоа веќе не успеваше да се поткрене, ги гризеше усните и плачеше, и удираше со рацете згрчени во тупаници по своите немоќни нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден миг потоа веќе беше вратена.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)