потоа (прил.) - внимателно (прил.)

Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бојан го потсече тој дел одозгора, го одвои од земјата, а потоа внимателно ги отстрани боцките и ливчињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Целата нејзина површина ја поделивме на делови, означувајќи ги со броеви, за да не биде изоставена ниту една површина; потоа внимателно ја испитавме секоја педа, вклучувајќи ги и двете соседни куќи, пак со помош на микроскоп, како и претходно.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во секој број на весникот фрлаше поглед на првата страница да види дали ќе најде наслов што ќе биде укажувачки, а потоа внимателно ја прегледуваше страницата со црните хроники.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)