потоа (прил.) - гласен (прил.)

Само колку за да се знае и за да се прикажува, им рекол, потоа, овдека, во тефтерот, сè е запишано - од-до, од постанокот на Загориче, во Дупка, до моево последно си одење, засекогаш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Брат ми влезе во својата соба и уште долго потоа гласно сам во себе си зборуваше, дека нема правда, дека него никој не го сфаќа, дека сè мене ме бранат и сè тој излегува виновен ... и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во едно утро простуи со плашлив шепот, потоа гласно зататне: во Франција бил убиен југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)