потоа (прил.) - десно (прил.)

- Оди на цикна, на смрзнување... - тивко изусти Циљка и за чекор-два се помести лево, потоа десно и се подаде напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По малку време, сите заедно, тој и публиката, заминаа нагоре по она тесно патче што води кон погорните куќи и потоа десно кон двете продавници кај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Свртуваш лево, потоа десно, и повторно лево. А на портата и недостига горната попречна греда“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)