потоа (прил.) - заедно (прил.)

Потоа заедно доручавме и ми раскажаа со каков бол и плач ги читале моите писма.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе ги фрлат женките икрите во големите морски длабочини, мажјаците им стркаат млеч и потоа заедно угинуваат обезбедувајќи си потомство...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А токму Бароуз е оној што, заедно со својот партнер Brion Gysin, ја изуми „cut up” методата на ракување со зборови, отсекувајќи параграфи од различни текстови - написи во весници, романи, прирачници за употреба, порнографски сцени - и лепејќи ги потоа заедно по случаен редослед.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На крајот дури и аплаудирав, како на вистински концерт, а Мила стана и се поклони како пред вистинска публика. Потоа заедно вечеравме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внучиња, едни тагуваа што ве немаат други што ве оставаат и потоа заедно легнаа под мене мракот мој да не го видите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)