потоа (прил.) - мирно (прил.)

Не е толку едноставно да убиеш човек и потоа мирно да сонуваш, човекот не е пеперутка, зарем не?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Кога и денес го повторувам воведот во Словото, во мојата свест јасен како алхемијата на шестте имиња – gains Valerius Cattulus, Quintius Horatius Flaccus, Publius Vergilius Maro, Albius Tibulus, Sextus Propertius, Publius Ovidius Naso – што затекнувајќи ме на последната страна од читанката по латинси, во мене ја зачна непресушната жед кон хармонијата, го гледам Таткото како од градината со премолчени имиња го извлекува змивчето, му дозволува бесно да го касне, а потоа мирно да се склупчи на неговата дланка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лисицата го остави неколку минути да се исплаче (си даде време за размислување), потоа мирно му кажа: - Смири се, малечок.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Зошто? - прашувам. - Затоа што луѓето зборуваат дека во закланите свињи месарите пронаоѓаат златни ланчиња, прстени, златни забни круни... - конспиративно вели мама, а потоа мирно додава: - Впрочем, јас и онака не јадам месо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го кажа ова како во полусон, не сфаќајќи што се случуваше во овие 20 секунди, а потоа мирно седна на своето место и продолжи да си мези.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)