потоа (прил.) - некако (прил.)

Треба дедо ми Крстин, татко ми или стрико Најдо нешто да му се противеа зашто чув како дедо Геро Војводата потоа некако со одбрани зборови рече: - Даскалот знае што зборува.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А потоа некако радосно и понесно извикуваа по некој повод што нам децата ни беше непознат: - Ќе го купиме крстот!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го загледа како нешто да проверува и потоа некако видливо кротко се повлече ширум отворајќи му ја вратата на Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Треба да се признае дека прво му беше донекаде тешко да се свикне со ваквите ограничувања, но потоа некако навикна и му стана вообичаено; тој дури сосема научи да гладува навечер; но затоа пак се хранеше духовно, носејќи ја во своите мисли вечната идеја за идниот шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бргу потоа некако лесно и двајцата се вратија во нормалното расположение на заљубеници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)