потоа (прил.) - одеднаш (прил.)

Момент на кобна неподвижност - потоа одеднаш пад од кој застанува здивот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа одеднаш се крена и лаеж, отпрво несигурно, како да кучето што се огласи, уште не беше сигурно дали има причина да лае или не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но неговиот крик неочекувано се изостри, доби во височина, се изви и се провлече меѓу телата на Азра и Лилица, а потоа одеднаш го снема, секна некаде меѓу неговите заби кои длабоко загризаа во левата слабина на една од жените.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Долги години свиреше во бендот на Рамбо Амадеус, а потоа одеднаш, од сосема непознати причини, му пукна филм и замина во Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И потоа одеднаш, ненадејно, тој е одвоен од овие луѓе, од луѓето што го исполнуваат овој свет, неговиот единствен свет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гледам како ѕидот се менува во палми и потоа одеднаш во девојки што играат хула, и ѕидовите тука дишат, и сега од палмите настануваат мажи и сите ладала од палми се свртени кон мене, - Дојди, ваму, девојко, прешалтај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)