потоа (прил.) - тивко (прил.)

Татко во мигот ништо не одговори, и тој загледан во водата која брзо течеше под сводовите на стариот мост, но потоа тивко изусти: Водата во барата е запрена за да го чува времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски убаво ја разбра суптилно спротивставената Таткова идеја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во ровот, долго кашлање, а потоа тивко потпевнување: Митревица чеканката рано рани на утрина...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Причекува да влезе Јосиф во одајата потоа тивко ја затвори вратата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојде донекаде, а потоа тивко, ненаметливо, викна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Успеа за миг да се воздржи (во тоа му помогна повикот по телефон; гласот од другата страна беше на Деница на која ѝ рече да се јави подоцна), а потоа тивко ја праша: „Која е таа жена која ви се врти во главата, а која, според она што можам да го разберам од вашево инсистирање, е инволвирана во случајот?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)