потполно (прил.) - ист (прид.)

Додека модернистичката архитектура настојува да дејствува еманципаторски, а во Интернационалниот стил сепак станува всушност афирмативна и униформна - отмениот јазик на стаклото и челикот им одговараше на оделата со риги по шефовските катови; покрај тоа, ваквата архитектура (подбивајќи се со стварниот функционализам), секаде по светот, без оглед на намената, создаде потполно исти градби - постмодернистичката архитектура настојува да биде комуникативна и повеќекратна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Јас знам дека тајната на сетилната дразба и опипувањето на некое тело и градењето на некое тело од дрво или камен - се потполно исти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во март 1989. џиновската сала на Elstree студиото кај Лондон на снимањето беше поделена на потполно ист начин како што пред гледачите се движи фар-камерата на Саша Вирни: 1) фасада со монтажна метална конструкција, неон и циради над полумрачниот автопарк со изгладнетите кучиња далматинци што завиваат; 2) влезот во кулисите на пепелнозелената кујна со две правоаголни маси, огнот од шпоретот и големите лонци со облаци пареа, одаите преполни со висечки садови, со букети на пердувести животни, распукано овошје и морски животни; okno.mk | Margina #8-9 [1994] 37
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас бев зад еден проектор и ги поместував сликите наоколу.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оние кои се обидуваа да играат имаа прилично проблеми, бидејќи песните почнуваа во еден ритам, а тогаш Велветите потполно откачуваа и извршуваа колективно музичко самоубиство, но претходно ја принудуваа публиката да го направи потполно истото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Отсекогаш мислев дека многу спор филм би бил интересен колку и гледањето низ прозор, секако, ако тоа го гледаш со исти очи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А еве сега сите овие клинци на есид ја покажуваа потполно истата работа. 122 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Во текот на целиот март Нико пееше во барот во Дом заедно со Тим Бакли, Џексон Браун и Тим Хардин, и со било кој што Пол ќе успееше да го набави.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А тежината треба да ги разбрани морињата, а морињата да ги скротат детствата, а седумте љубови да бидат во облик на седум потполно исти девојки кои се исти заради тоа што имаат една судбина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сите телевизии фураат идентична шема, сите весници исто (па го има ли тоа негде, два кретена со, до скоро, потполно исти текстови - од кои зрачат бескрајно мрзоволие и тапост - во ист ден 40 години да се појавуваат ко тотална навреда за било кое чувство за плурализам и две страни на било каков аспект!?), сите културни списанија се исти, државата е исто што и невладините организации, фондациите личат на министерства, ко да сме чувари на најсветата ебена вистина во историјата на човештвото, толку проклето оркестрирано сѐ изгледа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)