потребен (прил.) - смирување (имн.)

Секако, палењето на огнот утрово не му беше најважна работа, ниту грижата за својот појадок, но по синоќешното возбудување, по претрпениот страв, му беше потребно смирување, а чувствуваше дека обичното, веќе постојано започнување на денот е најдобар начин да се смири, да се среди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко, со денови, заедно со Мајка, со сите нас, децата, раководеше со сместувањето на книгите во новата библиотека, како да беа живи суште­ства на кои им беше потребно смирување по долгиот и неизвесен балкански пат до ова место на спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)