почесто (прил.) - да (сврз.)

А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Земанек почна сѐ почесто да заминува со него на тие трки, а го придружуваше и на тренинзите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Започна сѐ почесто да биде со неа, заедно да доаѓаат на училиште, заедно да си одат, заедно на одморите да шетаат низ училишниот двор, заедно да шетаат и после часовите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)