право (прил.) - за (предл.)

Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се фатив право за кваката, влегов во претсобјето и ја слушам свеската од кујната прашува кој е.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Татко, кон крајот од Отоманското Царство и на почетоците од Ататуркова Турција, изучуваше право за да стане адвокат, но студираше и исламска философија, за душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тргнаа право за Маково. Над селото ги проверија пушките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги држи двете дечиња за рачињата, се срамува да ги погледне, очите само право за да не се чакнат со тие четири искрички тука покрај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)