право (прил.) - дома (прил.)

Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе видиш. Само ќе мораш да ми помогнеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За велосипедот пред тато и мама ниту збор, а јас вечер ќе ти го донесам право дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ИЛИЈА: (го прекинува). А ако ја однесев право дома, тогаш што ќе правеше?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас требаше како што си го пречекав в раце, и право дома да си го однесам, но ајде си реков, ќе го однесам кај мајка му, пак како што е редно, ќе го барам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Чана го погалува по голата глава и му вели А сега пу патичката право дома! Ни лево ни десно, разбра?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Па си рече: море дај да ѝ се бапнам право дома. - Е, не е токму така.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш се бакнаа таму, а кога тоа требаше да се повтори, место право дома поминаа низ паркот - и без договор и без противење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Внимавај што ќе ти речам, Марко. Сега право дома и да мируваш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас ти посакувам само со олку да поминеш, ама сфати сериозно и оди право дома да легнеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си се удрил во тилот и може да стане потрес на мозокот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сестра Мира ме боцна многу внимателно, како во оние далечни времиња кога бев дете. Ниту колку болва да ме каснела.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Порача ли нешто? - праша Горјан. - Многу ве поздрави и ми рече деновиве пак да му однесам дрва право дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ние седнавме во салата. Ја догледавме операта. И право дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така се разделивме јас и таа. Не ми се допаѓаат аристократките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зошто ме влечкаш, вели, зошто не ме пушташ да си одам право дома?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)