право (прил.) - прудолу (прил.)

Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слично на кривоног, заокруглен, измазнет и севезден весел продавч на бои: во пролет зелени, во лето пепелави, во есен бакарноцрвени и во зима бели, ридот истрчува од шумата и продолжува да трча право прудолу и право спрема дното на Потковицата, сѐ додека не се израмни со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)