премногу (прил.) - го (зам.)

Но далеку од својот роден крај , тој, и сите што се како него, премногу го сакаат тој крај и ниту момент со мислите не се далеку од него.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А парадоксот на мојата животна приказна е тоа што после сета таа иронија премногу го сакав и многу барав од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Леден здив ја пресече сржта во моите коски, во мигот кога ти ја чувствуваше најголемата радост ми рече: “никој со тебе неможе да биде среќен и колку и да се труди светот да те засака ти премногу го мразиш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојата женска интуиција укажуваше на тоа дека тој сè уште не е зрел и стабилен за да бидам со него иако премногу го засакав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И понекогаш, во својата нежност, старецот премногу го ценеше животното верувајќи дека тоа му ги разбира зборовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откако го знам, ми се чини сè за Лондон зборува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се радував што оди, зошто тој тоа премногу го сакаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ВЕРА: Ако сакаш да го знаеш моето мислење: ти сето ова премногу го земаш при срце.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
6. Радио Лондон беше емитувал репортажа од капетан Еванс во која на КПГ ѝ забележува дека премногу го толерира македонското национално чувство, кое води кон отцепување на Егејска Македонија од Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ех, Роланд, премногу го сакав и почитував, затоа што за ралзика од Марк, знаеше да ги признае своите слабости.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Значи себеси се сметав судбински поврзан со земјата и со чекорењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа можеби вам ќе ви се чини чудно но јас навистина премногу го ценев оној судбоносен момент кога човекот се симнал од дрвото за да ја избере својата патека и да зачекори по неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Понекогаш, во својата нежност, старецот премногу го ценеше животното верувајќи дека тоа му ги разбира зборовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зар не му спомнав на татко ти оти Ролан Јаковлевич и премногу го сакаше животот за да може да стори нешто за да си го прекине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А татко ти тврди, и тоа кога сè излезе на виделина, дека сакал да останам скраја од тој злостор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Сето тоа се гревови што го полнат, и покрај нашите добри желби, оној ненаситен бунар на нашиот заеднички живот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тој беше повеќе за длабоки, недвижни води, од кои истекуваше река. Брзите води премногу го занесуваа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)