премногу (прил.) - време (имн.)

“ Вака никогаш нема да стигнам дома; мојата успешна лекарска практика е уништена; мојот наследник ме ограбува, но бескорисно, затоа што не може да ме замени; во мојата куќа беснее одвратниот коњушар; Роза е негова жртва; не сакам тоа ни да си го замислам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Минатата година, главните грешни јарци се викаа Beavis& Butthead.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Премногу време верувавме дека сме над Запад и Исток, но разбравме дека сме живееле и во илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Родителите и образовните установи се жалат дека младината поминува премногу време гледајќи MTV, а премалку пишувајќи домашна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако е познато дека младината уште од педесеттите години наваму учи со музика, работата стана критична токму со глобалното раширување на MTV, што покрај аудитивното, бара и визуелно внимание.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ми требаше многу време за да ја грабнам облеката, бундата и чантата; не сакав да потрошам премногу време на облекување; ако коњите побрзаат како на патот за ваму, ќе скокнам, така да се каже, од оваа постела во својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оние кои се сами и со премногу време на располагање, немаат трпение, постојано чекаат нешто да се случи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)