премногу (прил.) - надеж (имн.)

Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)