премногу (прил.) - во (предл.)

Се разбира, можам да поверувам дека се препознавам, поистоветувам со својот потпис или со својата реченица, но единствено потпирајќи се на искуството и на вежбата кон кои сум обврзан, трудејќи се да бидам како другиот, со оглед на тоа дека можноста за повторување, па според тоа и ими­ти­рање, привидност, е запишана во самото извориште на таа единственост. 4Вашиот повик е двостран: сакате да ја промените праксата на читањето и да создадете некој вид заедништво меѓу своите читатели. 4Баш и не го сакам зборот “заедништво”, дури не знам ни дали сето тоа ми се допаѓа. 4Зборот го употребивте вие. 4Доколку под заедништво подразбираме, а тоа често е случај, складна целина, темелен договор и сложување во врска со појавите на несложност или војна, тогаш не верувам премногу во него и наѕирам во него колку закани, толку и ветувања. 4Мислам на она што Роџер Шартие го рече во врска со читањето, велејќи дека смислата на читањето е поврзана со начинот (праксата) на читањето, начинот на дружење со текстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А “разградбите”, за кои почесто зборувам во множина, сигурно никогаш не означувале некој проект, метода или систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во овој број решивме - не плеткајќи се премногу во бурните дневно-политички теми деновиве, а сепак чепкајќи по глазурата на тоа банално ништожество!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во овој број решивме - не плеткајќи се премногу во бурните дневно-политички теми деновиве, а сепак чепкајќи по глазурата на тоа банално ништожество! - да ја продолжиме темата за национализмот чепната во минатите „Елементи на самосвест”, и за која - вон конјуктурите на дневната политикантска (не)употребливост - сметаме дека за Македонија и Балканот има неодминлива и круцијална важност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Жив е премногу во вас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Туку, не верувај премногу во соништата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Една од причините за тоа е и временската ограниченост, но пред сѐ мојот поетолошки кодекс: не се задржувај премногу во пештерите (лилјакот нека ти е пример!), под вода и на еден канал.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа високо момче со предолг нос за своите години веруваше премногу во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Поконкретно, постоунволската победа на геј-идентитетот над лезбачите и над кралиците од една претходна ера сега веќе не наликува толку на мугра на ослободувањето колку што наликува на само уште една стратегија за доминација – последното поглавје во долгата историја на трансродовото угнетување од кое, дури сега, добро е, почнуваме да излегуваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако сигурно е точно, како што вели Фелоус, дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, не мора нужно да заклучиме дека геј-културата во голема мера произлегува од женствената родова ориентација и од инаку „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“, како што и тој тврди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денес, во контекст на квир- и на трансродовите движења, тој постоунволски модел на машката геј-мажественост, иако сѐ уште има многу обожаватели (како што видовме предмалку во претходното поглавје), почнува да изгледа „старински“.360 Стоунволскиот бунт веќе не изгледа како некаков светскоисториски пораз на хомофобичното родово стереотипизирање, како конечно ослободување на геј-мажите од вековното робување на омаловажувачките родови идентитети, туку повеќе личи на празниот и кратковечен триумф на заблудената фантазија за безродова хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, возможно е и дека клатното можеби се занишало премногу во спротивната насока.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бев обземен уште во раната младост, според некои мои генерациски другари, од наивниот идеализам да верувам премногу во човекот Зарем не се вели, со право, дека дипломатијата е уметност на невозможното?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаше веќе никого по нашите скали, ниту во нашиот дуќан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите беа киднале...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми се вртеше премногу во главата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И затоа си реши да не се меша премногу во работи што беа во исклучителен домен на Партијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа постојано стравуваше јагулите да не се заплеткаат премногу во татковиот живот и на семејството. Тоа не би било добро!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)