премногу (прил.) - сериозен (прид.)

Ве фотографираат, ви ја покажуваат фотографијата и забележувате дека навистина не изгледате убаво со премногу сериозен лик.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Беше премногу сериозна за да открива детали, и тоа на оние кои имаа дупло помалку години од нејзините.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите тие премногу сериозни пофалби, кои, од пречеста употреба, веќе звучат несериозно и излитено...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Даскалов е и премногу сериозен за да стори таква пакост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури мислам, тој беше единствениот помеѓу оној крут партијски свет што имаше не само разбирање, туку и сериозен однос, кон слабостите на обичниот човек.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)