премногу (прил.) - слаб (прид.)

Тоа сепак бил знак да се преземат извесни активности со чија помош Британците би ги заштитиле своите интереси во Грција бидејќи тие биле свесни за фактот дека при крајот на 1944 година "Грција била премногу слаба за да ги изложи своите интереси на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Новиот почеток би бил ново разочарување, а за тоа бев премногу слаба и ранлива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Така, со непрекинато придвижување на реторичкиот фокус непријателите истовремено се и премногу силни и премногу слаби.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во секој случај, уметноста поттикната со дроги не е автентична и спонтана форма на уметност и при тоа не треба да занемариме уште еден факт: дека меѓу уметниците има многумина кои се премногу слаби за такви психички авантури, со оглед на своите личности и општествената неускладеност, без оглед на талентот кој го поседуваат, поради секогаш присутниот ризик да лизнат во лудило.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со палецот и показалецот ми ја фати долната усна, благо ми ја повлече кон брадата, ми ја отвори устата за да може да ми го стави јазикот на непцето, таму каде што по знакот на некоја сензорна клетка одеднаш станав премногу силен и премногу слаб пред жената која знаеше да ми се вовлече во моето тело и да биде мое тело или јас нејзино, сеедно, да бидеме едно тело во кое се заробени две души завеани на беспаќе што го нарекувавме живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- „И како без тебе, како без нас?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Британците биле опседнати со стравот македонското национално прашање "да не излезе надвор од контролата, што би можело да доведе до цоупс д’етат и до меѓусебни судири".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)