премногу (прил.) - чист (прид.)

Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можеби тоа беше така бидејќи беше останал премногу чист и возвишен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби и затоа зашто слабости од таков вид себеси не си дозволуваше?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)